Лорд Бајрон
Џорџ Гордон Бајрон (22-ри јануари 1788 – 19-ти април 1824)

Ееее како вчера да беше ко седевме со Димитар на час по македонски и тивко му дофрлувавме и/или ќе си го извиличевме како сакаме сето то шо го кажваше Снешка, за после то да се ќикотиме ко нездрави (нормално, не на глас пошто то автоматски значеше ќец во дневнико). После то и на одмори коментиравме со Никола и останатите. И најмногу од сè ги памтам тие часој, пошто кај Снешка треба да бидиш присутен со ум и тело. Снешка пишеше ќец за непрочитано дело, за ненапишано и за недовршено - нешто шо најмногу го мразеше, а сега ко „пораснав“ гледам дека сето то со причина го праеше: да нѝ ги запечати засекогаш во глата сите исчитани дела и да најдиме (некогаш и негде во живото) примена на истите во секојдневието.

Тогаш како и многу други, сето то шо го збораше си го земав здраво-за-готово. „Шо ќе ни се овие книгите шо ги читаме? Ние сме автоматичари, вака-така-онака“ беше најчесто муабето шо паѓаше за книгите шо ги читавме. Сега ми недостигат сите тие часој кај шо сите мои школски, а и јас со нив, бевме исплашени до посер да не нè стани во врска со делото шо се обработваше за тој час, иако поќето од нас го имаја прочитано - значи бевме доведени до степен на неразумен страв, фобија, како и да се вика. Незнам како успеваше таја професорка да влеј толкав голем страв на навидум храбри ученици :) Али како и да е, барем уште неколку души ќе признат дека Снешка со таквите нејзини средновековни методи на предавање (заплашвање), колку и да не бевме заинтересирани во то време, пак и пак и пак ни ги запечати сите тие книги во глата. Сега би сакал доколку би можело да се врати времето сите професори да бидат такви, па има сè да научиш и оро да играш. Најиронично е то шо многу од професорите не ја сакаа, и тоа истите тие се оние од кои не научив ама баш ништо. Ама и петки пишеше, ретко ама од срце. Формулата за петка беше да најдиш добра критика за дадените теми, притоа да пазиш да не се од некој автор кон кој Снешка имаше лични и стручни несогласувања :D Тие како „Оче наш“ ги знаев: прв на листата Цане Здравковски (максимум добиваш двојка на писмена), па Венко Андоновски (од ко се скараја за Блаже Конески не го признаваше поќе, иако тврдеше дека таја карајнца не делувале во мислењето за него како критичар и автор), и многу други.
Многу пати ми се десило досега да си поврзам некоја ситуација или некоја референца по филмој, цртани и реални настани со некој од делата шо ги читавме. Најчесто имам сретнато референци до „Гавранот“ од Едгар Алан По на места кај шо никогаш не мислев дека баш таму ќе ги сретнам:

- во специјалните halloween епизоди “Treehouse of Horror” во „Симпсонови“ (дури го имат клаено и во “written by” оддело за та епизода!), кај шо Хомер е главнио јунак;

- „Бетмен“ (Џек Николсон во една сцена кажва стих од поемата);

- цртанио “Time Squad” на Картун Нетворк имаше епизода кај шо Едгар Алан По одлучил да биди среќен и да пиши за убај работи, па Time Squad тимо требаше да го насочи накај мрачните работи;

- во играта DotA има херој шо се вика Nevermore, а во DotA 2 пиши дека истиот имал душа на поет; (!)

- Во песната “Ravenheart” од “Xandria”, итн. итн…

Исто и во реални случки, како шо беше со обсадата на А1: оди полиција, врши претрес а не кажва зошто! Одма ќе ти светни: „Процес“ од Франц Кафка! Уау, ќе си речиш, ова Снешка не зборала за џабе - пак сум научил нешто. Или вицо со Едип и Сизиф:


Едип: Аирлија работа Сизифе!
Сизиф: Ој еби си мајката! 

На тие часој научив дека „Парите се отепувачка“ е ептен слична со „Недоразбирање“ од Албер Ками и „Чест“ на Васил Иљоски, убајте песни од Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски, тешкиот живот на македонците во балканските војни и Првата светска војна во „Пиреј“, и многу многу многу многу други работи шо ако ги набројвам, не ми стига ни една недела…

Сето то му го борчам на професорката кон која имав најголема стравопочит.

И ми остана уште да завршам со одговоро на зошто се напишав како „Лорд Бајрон“. Ништо не е случајно. Во четврта година, Снешка беше единствената која стварно виде дека нешто не беше океј со мене тој период :D Ме нарече „Бајрон“ ради то шо сум ја „боледувал светската тага“. И беше во право. И датумо на овај пост не е ич случаен (рандом по нашки). На денешен ден почина Лорд Џорџ Гордон Бајрон. И исто ќе си признам дека ова мислев да го пишам уште пред 3 месеци на неговио роденден, ама пуста мрза! И многу „и“ а треба да си легнам за на работа. 


Слава му на Бајрон! Олицетворение на слободен човечки дух!

Алал да ви е професорке! И да продолжите само така.


Апендикс:
- Снешка е Снежана по македонски од техничкото во Битола;
- Димитар школскио шо ми даде подршка за да си дам признание до Снешка; таја е виновна шо го викавме „личнио“ некој период :D (не ми се лути плс. :D)

- Никола школскио, „најписменио“ (интерен надимак, исто заради Снешка)

Зборајте битолски

А инаку како? Ко шо барав нешто по интернето, налетав на една Wikibooks страна кај шо ги објаснува карактеристиките на битолскио дијалект со се примери со се сè, а воедно и инспириран да го напишам мојо прв блогпост на тумбелрмлмр (не мом да го изговарам), решив да го преведам напишаното овде и да го надополнам плус она шо имам знаење за битолскио дијалект. Долго време мислев дека кавадаречкио дијалект користи шо-можи-поќе скратени изрази и зборој и за кратко време сватив дека сум во заблуда. Инаку во ова лекција ќе ги покријам најосновните работи по кои е специфичен и (многу често) збунвачки за останатите.

Деклинација на глаголи

Деклинацијата на некој глаголи отстапува од македонскио литературен јазик. Разликите се означени со закосени букви (или italics font за тие шо незнат).

  • Глаголот „сум“, сегашно време:

Буквата „а“ се испушта за трето лице еднина за женски („Таа“) и среден род („Тоа“), додека „сне“ (EDIT: и „вие све“) поќе го користат жителите на околните Битолски села.

    Еднина          Множина

1. Јас сум          Ние сне

2. Ти си              Вие све

3. Тој е               Тие се

    Та е

    То е

  • Глаголот „давам“, идно време:

Во глаголот „давам“, идно време (често и во сегашно), како и други глаголи на пример „пишувам“, „зборувам“, „правам“, се крати „ув“ или „ва“ за да се добие „пишам“, „зборам“, „прам“.

    Еднина          Множина

1. Ќе дам          Ќе дајме

2. Ќе дајш         Ќе дајте

3. Ќе дај            Ќе дат

  • Глаголите „можам“, „доаѓам“ и „одам“:

Најзбунвачка деклинација од останатите глаголи. Се користи „како шо ќе ти дој - така“, претежно по овие ненапишани правила:

- Во сите лица (освен во првото еднина и третото множина) „е“ се заменва со „и“;

- „доаѓам“ не се користи во битолскио дијалект за сегашно време, се заменва со глаголо „идам“

- Во прашање („Ќе мојш?“, „Ќе дојш?“, „Ќојш?“ соодветно)

- Ко се дава потврден одговор. („Можам“, „Ќе дом/Ќидам“, „Ќе ом“);

- Ко се дава одречен (негативен) одговор („Не мом“, „Не идам“, „Не ом“);

- Заповеден начин на „доаѓам“ е многу често „ела“, ама исто и „дојди“ се користи;

- <внесете отстапување / ненапишано правило тука>

  • Глаголите „учествувам“ и „чуствувам“:

Овие глаголи ги зедов како пример поради то шо се исти како и македонскио литературен, освен за трето лице множина каде што „аа“ се крати на едно „а“ и истото важи за сите глаголи од овај тип:

    Еднина                                Множина

1. Учествувам / Чуствувам       Учествуваме / Чуствуваме

2. Учествуваш / Чуствуваш      Учествувате / Чуствувате

3. Учествува / Чуствува           Учествуват / Чуствуват

  • Глаголот „ставам“:

Не постој во битолскио дијалект. Зато се вика „клавам“ и истио се менва во „клам“ за прво лице понекогаш:

    Еднина             Множина

1. клавам / клам    Клаваме

2. клаваш              Клавате

3. клава                Клават

Примерчиња:

- Та беше средно ко се преселив овде.

- Ако мојш после, ела до кај мене.

- Не мом да дом кај тебе, оти ќом кај баба ми. 

- Клај ми го стилото в чанта да не го заборам после.

- Иди побрзо, го клавам кафето [да се вари].

Именки.

Прилично се придржват по правилата на македонскио литературен јазик. Нормално тука идат и исклучоците типични за битолскио дијалект:
- Множина. Наместо „-ови“ и „-еви“, во Битола се додава „-ој“ и „-ња“ станва „-на“. Исто така и збирната множина од именки шо почнуват на „а“ завршуват со „и“, додека пак множините шо завршват со две самогласки, се изговарат со една самогласка и потежок акцент. Примери:

цареви > царој, клучови > клучој, часови > часој;

дечиња > дечина,  

вода > води, ливада > ливади;

инјекции > ин(ј)екци, организации > организаци итн итн итн…

- Вокатив (форма за обраќање) скоро и не се користи, освен некој ко ќе сака „погрубо“ да се изрази со додавање на „о“ на крајо од именката и силен акцент на истата.

(„Зоране!“, „Горјане!“, „Игоре!“, „Весно!“, „Елено!“)

Членувањето е исто како и литературнио јазик, освен за машки род кај шо се изостава „т“ од крајо.

(„весникот“, „чо(в)екот“, „фрижидерот“)

Лични заменки

Се придржуват кон правилата, освен за трето лице еднина (женски и среден род):

    Еднина          Множина

1. Јас                Ние

2. Ти                  Вие

3. Тој                 Тие

    Та

    То

Кога станува збор за индиректен предмет, родојте се губат, се збора во машки род и настанва тотален хаос:

    Еднина          Множина

1. мене ми         нас ни

2. тебе ти           вас ви

3. него му          нив му

    неа му

    него му

- „Татко му на Марија нè избрка од нивнио двор, оти праевме многу галама“

- „Му реков на мајка ми дека ќе се вратам за полсат.“

Придавки

Шо можи поќе се кратат. Покрај нормалната форма, компаратив и суперлатив, постојат супер-суперлатив и супер-супер-суперлатив во битолскио дијалект. Се прат со додавање на префиксо „пре-“. Пример:

Нормална: убав / убава / убаво > убав / уба / убо

Компаратив: поубав / поубава / поубаво > поубав / поуба / поубо

Суперлатив: најубав / најубава / најубаво > најубав / најуба / најубо 

Супер-суперлатив: преубав / преуба / преубо

Супер-супер-суперлатив: пренајубав / пренајуба / пренајубо

И за крај, еден краток речник

  • чупе - девојче
  • стило - пенкало 
  • чакмак - запалка
  • соба - печка (за греење)
  • сабасаба - рано наутро
  • поќе - повеќе
  • чактисва - сваќа, разбира
  • одма - веднаш
  • оти? / оти - „Зошто?“ / „Затоа што“
  • матуф / дида - луд
  • аџеле - итно
  • апансас - изненадно, брзо
  • набафтана - згора, преку, невнимателно
  • такуѓере - полош / полоша
  • усул / исав - осет
  • љуфна - промаши
  • шубе - сомнеж
  • стипса - стегнат (за материјални работи)
  • форес - стрвост
  • од немукает - од непромисленост
  • инкер - малер
  • крлешка - лулашка
  • шуќур - фала богу, конечно, алелуја
  • кркма - шишка
  • терсене - комплициран, тежок за ракување
  • загоритенџере - некој шо е изгубен во просторо и времето, забораен
  • чакати - пари
  • бучкуруш - хаос
  • дупнимандало - итар
  • лапниголтни - наивен
  • ленгир - линиар
  • режало - острилка за моливи
  • пајнца - чинија
  • јанглаш - се користи кога некој не е во право („Јанглаш си“)
  • ќенеф - полско WC
  • збоктисано - преку глава
  • дрндлест - зборлест
  • муфте - гага, за беспари
  • уљандисан - загрижен, разочаран, вознемирен
  • џам - стакло, прозорец
  • ексик - (по ѓаволите?)
  • ѕунѕурки - лампиони
  • му се бендиса - му се допадна
  • кабадаја - ?